На сцената на Драмскиот театар Скопје од 21.04 до 25.04.2015 ќе имате можност да погледнете една премиера и две претстави кои се на тековниот репертоар.

10417803_10152677855675933_6935983153295693917_n

На 21.април (вторник), со почеток од 20 часот премиерно ќе биде изведена претставата ,,Чолак’’ од Мартин Мекдонах.

Режисер на претставата е Синиша Евтимов, а актерската екипа ја сочинуваат: Сашо Тасевски, Рубенс Муратовски, Игор Стојчевски и Филип Трајковиќ. Наредните две изведби се закажани на 22.април (среда) и 23.април (четврток) со почеток од 20 часот.

На репертоарот на Драмскиот театар Скопје оваа недела се и следните две претстави:

1

ден и час:       24.04.2015 (петок) | 20.00
претстава:      ЧОВЕКОТ КОЈ ГО ИЗЕДЕ СВЕТОТ
играат: Игор Стојчевски, Диме Илиев, Биљана Драгичевиќ – Пројковска, Димитрија Доксевски, Стефан Вујисиќ
автор: Нис – Моме Штокман
режија: Билјана Радиноска

d2

ден и час:       25.04.2015 (сабота) | 20.00
претстава:      ГЕНЕТИКА НА КУЧИЊАТА
играат: Драган Спасов – Дац, Јелена Жугиќ, Филип Трајковиќ, Драгана Левенска, Билјана Беличанец -Алексиќ, Роберт Вељановски, Никола Ацески, Игор Ангелов, Дејан Лилиќ, Рубенс Муратовски, Зоран Љутков, Крсте Јовановски, Гордана Ендровска, Жарко Димоски.
автор: Венко Андоновски
режија: Дејан Пројковски

Divianarts.com е член на групата на официјалните медиумски покровители на Драмскиот театар.

Коментари

коментари

НЕМА КОМЕНТАРИ