На 16 април (недела) со почеток во 17:00ч ќе биде прикажан последниот балет од сезоната 2014/15 на Бољшој. Љубителите на балетот ќе можат да ја погледнат директниот пренос на „Иван Грозни“ во киното Cineplexx.
Неодамна оживеан, „Иван Грозни“ е суштински дел од репертоарот на балетот, класика на 20-тиот век и прекрасно театарско искуство. Беше голем предизвик за рускиот маестро Григорович да го постави на сцената, но од самите почетоци балетот бележеше големи успеси. Иван Грозни постана пример за балет во советската ера, балет со најкомплексните машки ролји на репертоарот. Ретко се изведува надвор од Москва и е возбудливо визуелно искуство. Во недела, харизматичниот солист Михаил Лобухин ќе ја одигра улогата на Иван IV, цар на Русија.
На свои млади години Иван IV е крунисан и мора да избере една од 13 Бојарови ќерки да биде негова сопруга и царица. Тој ја избира Анастасија и двајцата се заљубуваат. Кога Бојарови ќе направат заговор против него и ќе ја отрујат неговата сакана сопруга, цар Иван се наоѓа себеси опкружен со непријателите. Прогонуван од темни мисли и фантоми, тој полека тоне во лудило.
,,Маестро Јуриј Григорович ја истражува историјата на неговата татковина во прекрасната бајка за љубовта, моќта и интригите.’’
Потпирајќи се на музиката која Прокофјев ја компонираше за филмот на Ејзенштајн од 1944 година, „Иван Грозни“ е дело во вистински Бољшој стил. Моќниот и фасцинантен еп на Јуриј Григорович е драматизација на контроверзното владеење на Иван Грозни и ги отсликува настаните во 16 век во Русија, во визуелно прекрасни сцени. Неговата кореографија, од една страна полна со енергија, сила и диви скокови, исто така, вклучува голема елеганција и кревкост во женска улога. Спојот на чувствителен класичен и моќен танц создава лирски еп, збогатен со боите на средновековна Русија.
Divianarts.com е медиумски покровител на кино Cineplexx МК.