Во сабота, на 18.04.2014 година, од 13:00 до 15:00 пред Спомен куќата на Мајка Тереза во центарот на Скопје ќе се одржи 2 во 1 акција на радување.

Се радуваме себеси со непрочитани книги и ги радуваме децата од Домот за Деца без родители “11 октомври” во Скопје.

Здружението “Хуманост без граници” ве поканува на акција на размена на прочитани книги и донаторска собирна акција на книги и училишен прибор за децата од Домот за Деца без родители, “11 октомври” во Скопје.

1.Размената на прочитани книги подразбира размена на оние книги oд нашите домашни библиотеки кои сме ги прочитале еднаш и нема повторно да ги читаме, можеме да ги размениме со книги кои ќе ги донесат другите вљубеници на книги кои ке ја посетат акцијата :) Така овозможуваме да си набават нови непрочитани книги сите, и оние кои не можат да си дозволат нови книги секогаш кога имаат потреба од добар пишан збор. A и сите да си ги подновиме домашните библитеки со нови книги- нови предизвици спакувани во корици. И се тоа free :)

За бидеме сите фер кон сите останати вљубеници во книгата, да се придржуваме кон двете правила : никој не носи книги за кои знае дека нема да бидат интересни за размена и секој зема онолку книги колку што донел.

2. Донации на книги, училишен прибор, сликовници, боенки, лектири, фломастери, темперни, водени, мрсни бои, тетратки, блокчиња, и се од училишен прибор за децата од Домот за Деца без родители “11 октомври” во Скопје е “1” од “2 во 1” акцијата на радување!

Со цел да ги израдуваме децата кои живеат во Домот за Деца без родители “11 октомври” во Скопје, ве покануваме да подарите и донирате Љубов, спакувана во едукација, која на децата од Домот за Деца без родители “11 октомври” во Скопје секогаш им е потребна. Донесете ја вашата донација, спакувана во насмевка и опсипана со љубов, а ние ќе и ставиме панделка и ќе ја доставиме на дечињата.

Официјалната покана е на фб е тука

Да им подариме МНОГУ ЉУБОВ И ЕДУКАЦИЈА сите ние заедно♥

Ве очекуваме :)

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНаправи сам | Шарени патики
Следна објаваУрбани пејсажи | Cristóbal Pérez García
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ