41-виот меѓународен саем МЕБЕЛ 2015, ќе се одржи од 24-29.03.2015 година.

Меѓународниот саем МЕБЕЛ, кој во 2015 година го одбележува своето 41 годишно постоење е водечки настан во модерниот и класичен мебел и дизајн на овие простори и пшироко. Над 50.000 посетители секоја година ги минуваат штандовите на МЕБЕЛ, а учество земаат повеќе од 400 домашни и странски изложувачи.

Меѓународниот саем МЕБЕЛ, стана препознатлив бренд во оваа индустрија и со текот на годините прерасна во еден од најдобрите и најпосетени саеми во регионот.

МЕБЕЛ како една од најатрактивните манифестации кај нас и пошироко е запаметен и со нетрпение очекуван заради своите оригинални декорирани изложбени простори, кои покрај мебел за домот го трасираат трендот за модерните кујни и елегантни бањи, осветлување, подови и ѕидни декорации, материјали за тапацирање, како и канцелариски мебел, мебел за јавни објекти, мебел и додатоци за со љубов уредувани градини, како и најновите технички и технолошки достигнувања на репроматеријали, машини и опрема за обработка на дрво кои заслужуваат целосно внимание.

Оваа специјализирана комерцијално изложбена манифестација стана своевидна берза на оваа индустриска гранка и место за средба на производителите и трговците од нашата земја, балканскиот регион и пошироко.

Локација Скопски Саем

Ексклузивен партнер: OPEL!


МЕБЕЛ 2015
Работно време:
24-28.03.2015 од10:00 до 20:00
29.03.2015 од 10:00 до 18:00

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТоп 10 лакови во пастелни бои
Следна објаваМодерен стан со зеленило
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ