3-1Кога домот е убав и удобен, се’ во животот е многу полесно. Убавината доаѓа во многу различни форми, а дизајнерските решенија од студиото Art Workshop можат да се вбројат меѓу позитивните примери за прекрасен и пријатен ентериер, полн со комфор и топлина. Ви претставуваме пет станови на кои современите дизајнерски елементи, топлината и примената на примамливи бои и текстури им даваат гостопримлива атмосфера. Зачекорете низ фотографиите во секој од нив, и пронајдете ја омилената идеја и за вашиот животен простор.

Стан 1

Првиот стан е совршен дом за младо семејство. Tоплината и примената на природни материјали, меѓу кои најповеќе дрво и камен, ја рефлектира идејата за комфор и удобен амбиент. Влезната врата од темно дрво се издвојува од опкружувањето, дочекувајќи во гостопримливата атмосфера на ентериерот. Пријатната трпезарија и избелениот циглен ѕид во позадина и даваат опуштена нота на зоната за социјализација, неодоливо потсетувајќи на старо париско бистро.

1-1

1-2

1-3

1-4

1-5

1-6

1-7

1-8

Стан 2

Внатрешниот дизајн на вториот стан ја издигнува топлината на сосема ново ниво, преку комбинација на белите и кремасти нијанси низ целиот ентериер. Станот е со површина од 60 метри квадратни, а стилизиран е минималистички, елегантно и со вкус. Единствените акцентни детали во просторот се зелените перници и сребрените украси, давајќи му суптилна динамика на амбиентот.

2-1

2-2

2-3

2-4

2-5

2-6

2-7

2-8

2-9

2-10

2-11

2-12

Стан 3

Иако со скромна површина од само 38 метри квадратни, станот изобилува со текстури и мешавина на различни материјали. Умешно се вметнати и допири на боја во ентериерот, а особено привлечен спој е изборот на светлата кожена софа и нежните бели завеси.

3-1

3-2

3-3

3-4

3-5

Стан 4

Четвртиот стан е со површина од 74 метри квадратни, па архитектите имале доволно простор за работа и реализација на креативните идеи. Резултатот е модерен, топол и софистициран дом со две спални соби, чиј дизајн ќе ве воодушеви и инспирира со стилот, но и удобното чувство во секоја просторија.

4-1

4-2

4-3

4-4

4-5

4-6

4-7

4-8

4-9

Стан 5

Последниот стан располага со 45 метри квадратни, а се издвојува од останатите со нагласените колоритни акценти во амбиентот, почнувајќи од дневниот престој каде доминираат егзотичните слики со принтови на див свет. Модерната спална соба е совршено место за одмор и опуштање, додека луксузната бања е стилизирана со темни мермерни плочки.

5-1

5-2

5-3

5-4

5-5

5-6

5-7

5-8

5-9

НЕМА КОМЕНТАРИ