Во пресрет на прославата на Светскиот ден на книгата, од тимот на 7UP ги здружија силите со уметникот Raul Lemesoff од Буенос Аирес, а плод на нивната нова соработка е „Weapons of Mass Instruction’” – патувачката библиотека која ја обиколува цела Аргентина во облик на импровизиран тенк. Иако тенкот е синоним за воено средство, во овој случај тој има многу благородна цел и комплетно е во функција на мирот – уметникот со него прави тури низ Аргентина, од урбаните средини па се’ до руралните заедници, нудејќи им бесплатни книги на сите оние кои се заинтересирани. Во прашање се околу 900 книги, изложени во неговиот интересен автомобил со специјално изработени полици, а меѓу нив се вбројуваат и разновидни збирки поезија, романи и биографии. Креативната соработка со 7UP е продолжение на кампањата „Feels Good To Be You“, чија цел е славење на оригиналноста, духовитоста и јасната автентичност. Прекрасна идеја, зар не?

1

2

3

4

5

6

7

8

9

НЕМА КОМЕНТАРИ