На програмата на Драмскиот театар Скопје од 23.02 до 28.02.2015 се една премиера и четири претстави од тековниот репертоар.

ljubovnici

Љубителите на театарската уметност ќе имаат можност да ја погледнат премиерната изведба на претставата „Љубовници“, закажана на 28.02 (сабота) со почеток од 20 часот. Претпремиерата ќе се случи ден порано, на 27.02 (петок) во истиот термин. Актерската екипа  ја сочинуваат: Билјана Беличанец – Алексиќ, Маја Вељковиќ – Пановска, Драган Спасов и Зоран Љутков, а како режисер и автор на драмскиот текст и музиката се потпишува Катерина Коцевска.

0001

ден и час:      24.02.2015 (вторник) | 12.30
претстава:      КАПЕТАНОТ ЏОН ПИПЛФОКС – Гусарска бајка со пеење и мечување
играат: Игор Ангелов, Таци Илиева – Вељиќ, Јана Стојановска, Александар Степанулески, Симон Манасковски, Димитрија Доксевски, Маја Вељковиќ – Пановска, Ѓокица Лукаревски, Филип Трајковиќ, Душица Стојановска, Златко Митрески, Дритон Вејсели, Ѓорги Тодоровски, Анастас Тановски, Зоран Љутков, Игор Георгиев, Диме Илиев, Александра Павлова, Валдета Исмаили, Билјана Јовановска
автор: Душан Радовиќ
режија: Коле Ангеловски

d2

ден и час:       24.02.2015 (вторник) | 20.00
претстава:      2012 – ПОСЛЕДНИТЕ МАКЕДОНЦИ
играат: Сања Арсовска, Билјана Драгичевиќ – Пројковска, Трајанка Илиева, Рубенс Муратовски, Зоран Љутков, Игор Ангелов
автор: Сашо Миленковски, Тихомир Спировски, Велика Стојкова – Серафимовска, Марко Коловски, Бојан Трифуновски, Љупчо Маневски, Снежана Балканска; Венко Серафимов

1

ден и час:       26.02.2015 (четврток) | 20.00
претстава:      ХАМЛЕТ
играат: Дејан Лилиќ, Петар Горко/Рубенс Муратовски, Драган Спасов, Катерина Коцевска, Викторија Степановска, Лазе Манасковски, Игор Стојчевски, Филип Трајковиќ, Игор Ангелов, Александар Ѓеорѓиески, Игор Георгиев, Никола Ацески, Слободан Трендов.
автор: Вилијам Шекспир
режија: Дејан Пројковски

Divianarts.com е член на групата на официјалните медиумски покровители на Драмскиот театар.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМодна Недела во Лондон | Bora Aksu
Следна објаваH&M Home: Колекција 2015
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ