Четките за шминкање се клучен дел од секојдневната рутина за убавина на секоја жена. Ги користиме за да ставиме пудра, сенка, руменило, кармин и сл. Поради тоа, на нив се насобираат бактерии и прашина, па неопходно е да ги чистите барем еднаш неделно за да избегнете несакани иритации на кожата на лицето. Во следново видео, новинарката за убавина Kirbie Johnson ни открива 4 интересни и ефективни начини како да ги исчистиме четките за шминка и тоа со производи што сите ги имаме дома: млака вода и сапун, влажно сунѓерче и сјај за садови, маслиново масло и шампон. Квалитетните четки се скапи, така што со ваквото чистење заштедувате пари бидејќи четките ќе ви траат многу подолго. Погледнете повеќе во видеото.