000

Марсала неодамна и официјално беше прогласена за боја на 2015 година според изборот на Pantone. Доколку не знаете за која точно боја станува збор, потсетете се на италијанското десертно вино со темно црвена боја, по чие име и го добила називот оваа хит нијанса.

PantoneCOY15_RGB_Sc2_Kitchen-Core-rect

Во ентериерот можете да ја користите во помали, но и поголеми количини, зависно од просторот и вкусот кој го негувате. Убава идеја е да внесете перници, килим, завеси, прекривки или мебел во оваа опојна нијанса.

000bПритоа, внимавајте како и каде ја применувате во домот – премногу е јака и не се препорачува претерана употреба во една иста соба. Марсала одлично прилега и доаѓа до полн израз во комбинација со повеќе други бои, како што се крем, црна, жолта, сива и бела.

PantoneCOY15_RGB_Sc2_Kitchen1-rect

Бидејќи станува збор за прилагодлива боја, со неа можете да постигнете различен амбиент во домот: од готички па се’ до модерен и разигран. Погледнете неколку добри идеи во продолжение и инспирирајте се!

001002 003 004 005 006 007 008 009 010 011 012 013 016 017

СПОДЕЛИ
Претходна објаваWorld Evergreen Music | Безвременскиот Џорлев
Следна објаваНајдобрите 10 песни за 2014 според Billboard
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ