Stangers in the night, Besame mucho, Love me tender… сите овие хитови звучат предобро, затоа што нивната музичка комбинација го издржува тестот на времето и ги прави препознатливи на секого, под името евергрин.

1

World Evergreen Music е последното изненадување на маестро Зоран Џорлев, кој заедно со својот пријател Бедрија Синаноски-Беџо работи на овој проект во последната деценија. Станува збор за компилација од 17 безвременски светски песни. Промоцијата се случуваше вчера, во новиот салон на Т-Home на плоштад Македонија, со почеток од 20 часот. Присутни беа многу од пријателите и соработниците на виртуозот, кои беа почестени со преубава новогодишна атмосфера и звуците на неговата виолина. World Evergreen Music е во продажба почнувајќи уште од денес, додека во пакет со него добивате подарок божиќни нумери потпишани од Џорлев.

1

2

Share2014-12-25-22485754597b1a2034ea9100e3db97695204cd3627e8cee8e5aabf6e5be4d37f-Picture

СПОДЕЛИ
Претходна објаваУбавецот на Ferrari | GTO ’63
Следна објаваМарсала – хит боја за 2015 година
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ