Мозаични мапи. Мозаични улици на градот Скопје. Скопје како појдовна точка на инспирација, градот во кој живеам , градот кој на моменти делува сиво и безлично, но некогаш во него ги гледам сите бои кои постојат. Честопати гледајќи кон него од некоја повисока гледна точка, градот ми личел на еден голем колоритен мозаик. Неслучајно изместената перспектива на улиците и плошните површини е само дополнување како го доживувам градот.
Формите од плексиглас ги оформуваат моите места, моите улици, моите средби. Боите кои се живи, контрастни, вибрантни, ја означуваат енергијата поминати низ тие улици, места, средби со луѓе. Приказ на градот гледан од птичја перспектива не е ништо ново, ново е само моето доживување на мојот град Скопје.
– Блашка Ми Ева
Иако зборот Urbs на латински означува град со ѕидови во антички Рим, сепак оваа трета по ред, самостојна изложба на младата уметница Блашка Ми Ева се покорува на нејзината уметничка визија за мозаичната природа на Скопје. Како што таа погоре посочува, формите и боите се суштина на оваа покана за уметничко дружење, токму во Концепт 37 овој четврток, на 04.12.2014.
За дополнување на ветената креативна и авангардна атмосфера ќе се погрижи DJ D.lite, со почеток во 21 часот. Divian Arts со нетрпение ја очекува мозаичната перспектива на Ми Ева и упатува честитки, како и поттик за понатамошно будење и споделување на креативната страна на животот.