20

Со вкупна површина од 85 метри квадратни (65+20м2), овој простран и комфорен дом е уште еден добар пример дека со вистинските решенија, станот во поткровје може да биде совршено место за живеење. Не само што восхитува со добриот план и распоредот на просторот, туку и со естетиката и пријатниот амбиент како главни компоненти во неговиот дизајн. Се наоѓа во стара зграда во Гетеборг, Шведска, па не изненадува што делува многу светло и чисто, инспириран од класичната белина на скандинавскиот стил. Конципиран е на две нивоа – на приземјето се наоѓаат кујната, трпезаријата и дневната соба, при што дневниот престој и кујната визуелно ги издвојуваат единствено дрвените рустични греди. Особено впечатлив и убав елемент е нагласениот ѕид со стари цигли, кој му дава посебен шарм и топлина на ентериерот. Повеќето простории во дуплексот се сместени на долното ниво, додека на вториот кат се наоѓа мини ,,таван’’ со книги и удобна кожена лежалка за читање. Прекрасно, зар не? Инспирирајте се!

0

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

14

15

16

17

18

19

20

21

22

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЗапознајте се себеси во 2034 година
Следна објаваArtistic Accessories Goblen | Уметничка приказна во модни детали
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ