0

Престојот во оваа прекрасно уредена куќа за одмор им нуди бескрајно задоволство на нејзините сопственици. Опкружена со цвеќиња и зеленило, таа е вистинското место за одмор и релаксација во слободното време за Томас и Мери. Се наоѓа во Шведска, а стилизирана е налик на колиба со англиски шарм, полна со светлина, креативни катчиња и чувство на слобода. Внимателно реновираната стара градба од тули добила поптполно нов сјај по преуредувањето, а денес е семејното гнездо за опуштање по кое долго мечтаеле. Во внатрешноста доминира белата боја како основа за ѕидовите и подот, додека акцентните детали ги истакнуваат тоновите на природата и се’ она што се случува надвор. На тој начин, ентериерот е во хармонија со надворешноста, обединувајќи ги на едно место зелената, црвената и кафената боја, со рустичните дрвени греди кои внесуваат топлина. Винтиџ украсите и даваат индивидуалност и слатка нота на секоја соба, обезбедувајќи истовремено комфор, убава атмосфера и лежерност за уживање во викендот на семејството. Преубава викенд инспирација – погледнете ги фотографиите.

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

14

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПознати градови во познати пијалоци
Следна објаваНеделен репертоар на Драмскиот театар (17.11 – 22.11)
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ