001

Неодоливо бело и романтично, со винтиџ шарм, топол амбиент и лежерна скандинавска нота – вака во неколку зборови може да се опише прекрасниот семеен дом сместен во поткровјето на мала зграда во Шведска. Станбениот простор е со површина од 107 метри квадратни, а благодарение на високите тавани е конципиран на две нивоа, со хармонични форми и фини детали кои создаваат атмосфера на слобода. Големото пространство е нежно и креативно уредено, со многу вкус при изборот на мебелот и декорациите. Внатрешните елементи кокетираат со минатото и сегашноста, па ентериерот е спој на новото и старото, модерното и рустичното, романтиката и елеганцијата. Отворениот концепт е суптилно поделен на неколку зони кои тематски и стилски се надополнуваат, формирајќи компактна, комфорна и функционална целина за живеење. На доминацијата на белата боја во ентериерот единствено и пркосат дрвените допири, акцентираните циглени ѕидови и раскошот од винтиџ детали со кои е облагороден просторот. Фацинацијата од овој дом завршува на слатката, живописно средена тераса, каде семејството може да ужива во убавите мигови заедно. Инспирирајте се!

002

003

004

005

006

007

008

009

010

011

012

013

014

015

016

017

018

019

020

021

022

023

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНаправи сам | Сув шампон за здрава коса
Следна објаваМотивациски процес за пишување
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ