Станица 26 беше локацијата на која припадниците на модните кругови вчеравечер уживаа во ревијалното шоу на дизајнерката Александра Митковска, со наслов Vibrazioni како втор ден од моменталниот Fashion Weekend Skopje. Позната атмосфера и веќе изградено име минатата вечер го привлекоа македонскиот моден свет да ја погледне новата колекција на Митковска; наменета за сезоната пролет-лето 2015 година, а која беше поддржана од Nescafe Dolce Gusto. Самата колекција е приказна сама по себе, која што е составена од маички, сукњи, мантили, панталони и фустани со интересен мотив: истите се принтови од фотографското творештво на Милчо Манчевски. Колекцијата се одликуваше со лесни и лелеави материјали, акцентирани со принтови кои претставуваат нова модна реалност. Покрај неконвенционалноста на истата колекција – самиот простор беше уреден некласично, со писта која потсетуваше на лавиринт и светлосно уредување кое синхронизирано на музичкиот избор, делуваше како сцена од филм. Како тоа визуелно изгледаше, погледнете на фотографиите во прилог.
* фотографиите се преземени од официјалната fun-page на Fashion Weekend Skopje.
* Divian Arts е медиумски партнер на FWSK 2014.