Ревиите на Јован Петровски и Јована Филиповиќ го означија стартот на десеттото издание на Моден викенд Скопје, вчеравечер во мултимедијалниот центар „Мала Станица“ во Скопје.

Двајцата дизајнери беа дел и од првиот Моден викенд Скопје.

Петровски кој последните неколку години гради успешна кариера на Тајланд, вчеравечер се „врати“ на Моден викенд со колекциите од луксузните брендови „SQUIRE“ и „BLACKOUT“.

Jp6

JP5

„BLACKOUT“ е артистичко-традиционална рачно изработена прет-а-порте линија за облека од Бангкок а „SQUIRE“ нов, луксузен бренд, основан од Петровски, подоцна развиван во соработка со „The Blackout Crew“. Прет-а-порте колекцијата е концептуална, елегантна но сепак нослива. Парчињата се движат кон остри исечоци и минималистичка експресија, иако исполнета со детали. Линијата на „SQUIRE“ нуди и машка и женска облека. Двата модни бренда, „BLACKOUT“ и „SQUIRE“, се посветуваат на формата и на целината повеќе од демонстрација на боја, текстил и современо крпење.

Модното шоу на Јован Петровски го следеше музички перформанс на Сашко Костов кој компонираше музика специјално за ревијата.

JP2

JP4

JP1

Дизајнерката Јована Филиповиќ поддржана од „Bаuerfeind“, ја презентираше колекцијата „Where the wild things are“, за есен/зима 2014/ 2015 година , која е во знакот на сафари шикот.

5
„Динамична љубовна афера. Тој и таа. Млади, урбани, заводливи, грациозни. Денскиот урбан и егзотичен look, кој дивее низ саваната, ноќе се претвора во гламурозен, лелеав, моќен. Подготвен за луксузна вечера со свеќи, каде што мирисот на шафран и цимет опива и ја буди внатрешната, дивата страна во нив. Приказна составена од околу 23 модели, машки и женски, кои претставуваат симбиоза на естетика и функционалност. Прикажани се неутрални и монохроматски палети на бои, декорирани со анимал принтови, „oversize“ јакни и капути, и веќе традиционално -минималистички кроеви и форми.“, вели дизајнерката Филиповиќ за својата актуелна колекција.

2

6

1

3a

4

Фото: Ани и Дими

Вчера започна и работилницата „Модно блогирање и фотографија“ водена од Ребека Рој- успешна британска стилистка и модна уредничка од Лондон. Работилницата е во организација на Моден викенд Скопје и Британски совет во Македонија а ќе трае пет дена.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваИдеи за морничава шминка за Halloween
Следна објаваFWSK – втор ден, со VIBRAZIONI BY ALEKSANDRA MITKOVSKA
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР