Сите возрасни еднаш биле деца…но, само неколку од нив паметат“ ќе рече Антоан де Сент-Егзипери преку зборовите на неговиот и наш, ,,Малиот Принц” – карактерот кој не само што го обележува сечие детство со скриена и несфатена филозофска поента за животот која продолжува да го демнее читателот низ целиот живот. Токму на први септември, култниот повторен почеток на, можеби најомразената рутина на децата ако се перцепира површно, учебната година која за многумина постои сфаќање дека е нешто сосема непотребно и измачувачки. Размислете два пати пред да кимнете со глава на овој податок: колку од спомените сте ги создале во училишните клупи? Дали сеуште се сеќавате на звукот на училишното ѕвонче? Дали со насмевка поминувате врз кориците на книгите кога ќе ги погледнете во книжарница или на бирото на Вашето дете/внуче?

1

Несомнено, децата за време на својот училишен период се во голема заблуда – не прифаќајќи ја најубавата обврска на светот со задоволство, туку придружена со „така мора“. Дури и најголемите успешни имиња низ Земјата и низ времињата биле приморани да поминат низ истиот процес; и баба и дедо и родителите, како и сите Ваши учители, наставници, професори. Најголемиот дел од нив ќе Ви потврдат дека образованието е скапоцена и неопходна работа, додека времето поминато во тој процес е искуство кое се случува еднаш во животот, само еднаш додека имате детски и адолесцентни погледи. И неотповикливо, ќе Ви го кажат истото што и Малиот принц… да не заборавите да запаметите. Да го вреднувате секој ден со посебен спомен. Да ја запаметите секоја една приказна што Ви се случила или што сте ја обработувале. Да ја сочувате тетратката по македонски јазик. За спомен, за сеќавање!

Еден од најзначајните спомени се книгите наведени во училишната литература. На колку од нив се сеќавате?

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

15

СПОДЕЛИ
Претходна објава„Оживување“ на стари црно – бели фотографии
Следна објаваМоден тренд | Ранец
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ