Дали некогаш сте помислиле дека многу работи во животот не би Ви преставувале тежина или мачнина доколку сте сте биле родени како машко, а не женско? Дека колку повеќе растете и созревате, толку појасно ги гледате предрасудите и поделбите предизвикани од половите и родовите разлики? Дека повеќе од често и самите сте перцепирани како очигледна убавица, која не мора да биде паметна?

Многу помалку борба против угнетувачите, многу повеќе права и моќ се обично работите кои први ќе Ви паднат на ум. Секако дека не може од утре магично да влеземе во чевлите на сопругот, момчето, таткото, братот, шефот или било кој од Ваша непосредна околина во машки род за да погледнеме со нивни очи; но може да се обидеме да размислуваме како нив и како самите би постапиле во извесни ситуации, доколку сме на нивно место. Тоа го направија 12 вработени жени во Elite Daily, кои велат „кога сме млади, на сите ни е кажано дека момчињата и девојките имаат фер третман од животот и дека секој од нив поеднакво има можност да го добие тоа што го сака од истиот. Кога сме мали, не сме доволно спремни да размислуваме во довербата дека сме способни за се’ и сешто. Но, тогаш… ние ќе пораснеме.“, пораснати да се борат против предрасудата која ги омаловажува моќните жени, преку хештагот #IfIWereABoy и преку отворено барање кон сите жени на светот да ги споделат своите размисли за она што тие би го направиле поинаку, доколку би биле мажи. Со позајмување на стихот на Бијонси, каде и истоимената песна е инспирација сама по себе – сите одговори се значајни, инспиративни и длабоко реални. Безразлика за што станува збор, DA ја поттикнува оваа иницијатива и во рамки на македонската социјална заедница и отворено Ве прашува… што би направиле Вие, ако #IfIWereABoy ?

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваБела книжевна приказна на Санторини
Следна објаваКаква мајка, таква ќерка
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ