Освен што се грижат за својата убавина, македонските дами покажаа дека ја ценат и хуманоста. Доказ за нивната хуманост е големиот интерес за кампањата „Затоа што сите веруваме” на брендот за накит Oxette и организацијата Борка, кои неодамна ја најавија оваа кампања.

Kaко што велат од Oxette во изминатите три недели забележлив е сè поголемиот број на дами кои се вклучуваат во кампањата со купување на парче накит, со тоа  истакнувајќи ја својата грижа за оние на кои во овие моменти им е потреба помош и поддршка.

„Затоа што сите веруваме” има за цел зголемување на свесноста за ракот на дојка и  собирање на средства кои потоа ќе бидат искористени за поддршка за жените кои се борат со оваа болест.
Со секоe купенo парче накит во продавниците на Oxette, 2% од продажбата во летниот период ќе одат во хуманитарни цели. Кампањата започна на 20.06 и ќе трае сè до 20.09.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Шарен свет како од бајка
Следна објаваОдмор со магични зајдисонца
Креативната страна на животот под поинаков агол, каде важи правилото "less is more" е она што го опишува овој член на креативното семејство. Со оптимистичен пристап и позитивна енергија, сиот труд го насочува кон доброто и инспирацијата, кон вистинските вредности; како што е уметноста и квалитетниот креативен израз. Со поедноставување на животот, стои рамо до рамо со останатите креативци во тимот на Divian Arts.

НЕМА КОМЕНТАРИ