Со прикажувањето на играни студентски филмови, вечерва со почеток во 20 часот во кино ,,Фросина” ќе биде отворена програмата на студентски филмови на 17. Скопски филмски фестивал, изработена во соработка со Факултетот за драмски уметности. Утре, пак, во истиот термин во ,,Фросина” ќе бидат прикажани и документарните студентски остварувања. Влезот е слободен.

SFF2014

На 17. издание на Скопскиот филмски фестивал ќе бидат претставени дури 17 студентски филма, од кои десет се документарни, а седум се играни. Во нив широк спектар на теми, проблеми, необични прашања и приказни, од научно-фантастични, до реални и комични. Во нив има и приказна за вонземјаните, приказни за еден јавен обвинител и еден професор по филозофија, има своевидна посвета на „Мизар“, на првиот диск-џокеј, на филигранството, на потребата од скејт-парк, итн. Но, во нив има и прашања за нагонот, желбата и етиката, ги има вечните прашања за слобода и креативност, но и за ограниченост, за предавство, за насилство. Во нив го има сето она што ги преокупира младите автори, сето она што е обележје на едно време и живеење, заедно се разбира со желбата да го најдат вистинскиот филмски израз.

skff1

Divianarts.com е  член на групата на официјалните медиумски покровители на Скопје Филм Фестивал.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНа моите девојчиња…
Следна објаваBeyoncè во swing варијанта
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ