01

На прв поглед, овој прекрасен стан делува толку пространо, што е тешко да поверувате дека има само 35 метри квадратни. И таман кога ќе помислите дека сте нашле мана во малиот стан, согледувате дека тоа не е мана, туку предност. Дизајнерите создале отворен план кој е функционален, и има се’ што е потребно за нормален живот: дневен престој, кујна, спална соба, работна соба, бања…Дневниот престој и кујната го споделуваат најголемиот дел од просторот, а визуелно се одвоени со ѕидот од цигла, при што од едната страна доминира сивата боја, а од другата – белата. Помеѓу кујната и дневниот престој е големата трпезариска маса, која има доволно место да нагости повеќе луѓе. Кујнските елементи се бели, со работни површини во боја на дрво. што на станот му дава чувство на топлина. Истата улога ја има и ѕидот обложен со декоративни ѕидни облоги, во вид на стари цигли. Дневната соба е едноставно уредена, и во неа доминира софата на која е навлечена бела навлака. Пододот е удобен и топол, и оди во чекор со трендовите, со употребата на бел линолеум. Во другиот дел на оваа голема просторија, со сува градба е направена мала спална соба, а до нејзиниот ѕид е поставена домашната канцеларија – едноставна, но практична и светла. Токму така е декорирана и спалната соба, ако така може да се нарече ова мало катче за одмор и релаксација. Димензиите на просторот дозволуваат да се собере двоен кревет, а за да се’ биде поинтересно едниот ѕид е акцентиран со порцелански плочки во марокански стил. Големината на ходникот овозможила во него да се вклопи големиот плакар, кој располага со доволно простор за складирање на сите нешта на станарите. При изведбата на вградениот плакар, првенствено се мислело на функционалноста, што е добар избор. Одличен пример како површината од 35м2 не треба да значи дека станот мора да биде наместен без стил и неуреден, туку сосема спротивното. Инспирирајте се!

02

03

04

05

06

07

08

09

10

11

12

13

14

15

16

17 18

СПОДЕЛИ
Претходна објава17. Скопски филмски фестивал
Следна објаваФото на денот | Љубовни „страшила“
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ