Minus_One4_X800

Претставата со која доаѓаат гостите од Канада носи наслов „МИНУС ЕДЕН“ и во нејзе учествуваат повеќе од 25 танчери. Кореограф е Охад Нахарин, а нејзиното дејствие е сублимирано со следните зборови:

„Илузија на убавината/тенката линија која го двои лудилото од разумот/паниката скриена зад смеењето/соживотот на заморот и елеганцијата…“

minus-1

Oвие зборови ја отвораат „Минус Еден“ на Охад  Нахарин, едно од најиновативните  дела од репертоарот на Les Grands Ballets Canadiens de Montreal. Уметнички директор на трупата е Градимир Панков кој е роден во Скопје. После брилијатната кариера како танчер на просторите на поранешна Југославија и Германија успешно ја превзема улогата на уметнички директор во неколку познати театри за танц: Холандскиот танцов театар II (Холандија), Националниот балет од Финска (Хелсинки), Кулберг балетот (Шведска) и Балетот на Големиот театар во Женева (Швајцарија). Во „Les Grands Ballets“ од Монтреал е од 1999 г.

Minus_One2_X800

Музиката е превземена од: „Mambo Fever“, Cha Cha de Amor (продуцирана и аранжирана од Бред Бенедикт), „Unknown Territory“ од Дик Дејл, „Hava Nagila”, „Ehad Mi Yodea“ (аранжман и изведба од „The Tractor’s Revenge“), „Somewhere over the Rainbow“ од Арлен Харолд (aдаптиција, Маруша), „Fratres“ од Арво Парт.

Аранжирано со Universal Editions Vienna, издадено како Etude Nº3 за маримба од Пол Смадбек. „Greensleeves“ (аранжман на Џереми Барло, диригент).

„Минус Еден”, на танчерите од Les Grands Ballets, им дава можност да ја покажат разновидноста на своите таленти. Ова дело е едно од најголемите успеси на компанијата, постигнати од нејзиното постоење.

Divianarts.com е медиумски покровител на Македонската опера и балет.

СПОДЕЛИ
Претходна објава„Елена Лука“ со колекцијата „Златни узди“ I 9.Моден викенд Скопје
Следна објаваПознатите како хипстери
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ