Најновата колекција на Елена Лука „Златни узди“ беше промовирана на втората ревијална вечер на Модниот викенд Скопје во Музејот на македонската борба за државност и самостојност. Во  Музејот на македонската борба за државност и самостојност, збогатено од музиката од балетот „Ромео и Јулија“ од рускиот композитор Сергеј Прокофјев, модната куќа „Елена Лука“ ја претстави новата колекција наречена „Златни узди“ (Golden rains). Публиката во музејот погледнаа педесетина модели за актуелната сезона пролет-лето 2014.. Боите кои преовладуваат во најновите модни парчиња се црната, златната и белата . Публиката во музејот погледнаа педесетина модели за актуелната сезона пролет-лето 2014. Наменски за оваа колекција изработени се и чанти и чевли со потпис на модната куќа, кои навистина оставаа впечаток.

Значењето на името „Golden Reins“ или „Златни Узди“ на новата колекција претставува
суштествена компарација. Духот, силата, елегантноста и острата дефинирана интимност
на коњот е само компарација со идеалот за девојката и жената, за која се наменети
креациите на Елена Лука. Нивниот внатрешен сјај ја дава комплетната нота на нашите
креации“ – изјави Елена Лука.

Пролетното издание на Моден викенд -Скопје продолжува вечерва од 18 часот, во салонот „Порше Македонија“ со креациите на студентите од Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет, потоа со моден перформанс на минатогодишните победници на „Поп!Мода“ , Виктор Цветановски, Ана Камчева и Алмир Мили.

Со модна ревија ќе се претстави и дизајнерката ИринаТошева, а вечерта ќе ја затвори групна модна ревија на Стефанија Насеска, Марјана Рујаноска, Бобан Илиевски и Никола Петровски. Вечерва веднаш по завршувањето на ревиите, колекциите на студентите од Факултетот за арт и дизајн, на Ирина Тошева, Виктор Цветановски, Марјана Рујаноска, Стефанија Насеска и Chic undercowear на Бобан Илиевски ќе бидат достапни за купувачите во концептуалното кафуле „Концепт 37“ во Скопје.

elena luka 64

Divianarts.com е член на медумски покровители на 9.Моден викенд Скопје

Фото: Ани и Дими

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНови уникатни сцени на јунаците од Star Wars
Следна објаваКанадскиот балет со „Минус еден“ во МОБ
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ