001

Неопходно е ефикасно искористување на секој агол,  избор на вистинска шема на бои и малку модернистички допири во просторот, за мини станбено катче да се трансформира во совршено гнездо на комфорот. Но, како? Прекрасен пример е овој шармантен мал стан во Москва, кој неодоливо потврдува дека некогаш помалку навистина значи повеќе. Зад инвентивниот проект потпишан е дизајнерскиот тим на студиото INT2 Architecture, обединувајќи ги добриот распоред и убавиот изглед во пријатен амбиент во каков секој би посакал да живее. Иако со скромни димензии, може да се пофали со мошне атрактивен, ведар и разигран дизајн, во кој се чувствува младешкиот дух, а нуди многу практични решенија во уредувањето на сите простории. Креирани се функционални зони со паметно изведени прегради помеѓу собите, а површините за складирање одлично се вклопени во целокупниот дизајн. Белите циглени ѕидови и суптилните пастелни акценти во розова, жолта, сина и зелена боја се во совршена хармонија, збогатени со парчињата мебел во неутрални тонови и топлите дрвени елементи. Секоја соба открива нови и слатки декоративни финеси, на кои е навистина тешко да одолеете. Пронајдете ја вашата омилена инспирација!

002

003

004

005

006

007

008

009

010

0011

0012

0013

0014 0015

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЗа сите љубители на кучињата
Следна објаваНовиот евровизиски спот на Тијана Дапчевиќ
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ