Апсолутниот моден хит кој владее веќе неколку сезони околу мини-чантичките, во денешниот Направи сам проект ќе Ви покаже како на наједноставен и најевтин начин може да дојдете до уникатна мини-чантичка…
Потребно Ви е:
– тврда футрола за очила
– супер лепак
– прстен за два прста
Постапката брои еден чекор доколку одлучите футролата да ја искористите во својата оригинална боја и текструра (доколку не, ќе Ви треба спреј/материјал, како и дополнителни 24 часа за сушење) – така што, чекорот се однесува на лепењето на прстенот за футролата. Внимавајте да го залепите прстенот од практичната страна и оставете да се суши еден ден. И тоа е тоа! Нова чантичка за малку време и малку пари!