„Еуроимпекс“ Генералниот увозник на Peugeot возила за Македонија, Србија, Црна Гора и Косово, веќе втора година за ред е домаќин на меѓународна изложба со историски возила.

Од организацијата ексклузивно известуваат дека овогодинешниот настан ќе се одржи на 13.06.2015 година, ден сабота, во кругот на компанијата т.е. салонот на Peugeot на ул.Трета Македонска бригада бр.72, Скопје. Одговорните лица потврдија дека подготвуваат настан кој оваа година ќе пружи многу повеќе на посетителите. А, согласно политиката на работење ќе се врши строга селекција на историските возила кои ќе бидат изложени.

„Во тек е пријавувањето на историските возила, интересот е голем и согласно правилата на изложбата и на Меѓународната федерација FIVA, едно возило за да може да земе учество во изложбата, треба да е постаро од 30 години т.е. да е произведено пред 13.06.1985 година. Ние секако остануваме верни на публиката и на изложбата со историски возила ќе можат да бидат видени само најдобрите примероци. Заедно со „Еуроимпекс“ вложивме многу да оваа година имаме изложба која ќе биде најдобра до сега, дури и од минатата година ќе имаме подобрување во неколку параметри.“изјави г-динот Димитрије Пеливанов, Претседател – АМК Џип Рели спорт и Делегат на X-тата меѓународна изложба со историски возила.

Покрај изложувањето на историски возила во најава се и низа други активности во кругот на „Еуроимпекс“. „Посетителите на овој настан ќе имаат можност да уживаат во низа активности. Настанот е интерактивен, па покрај разгледувањето на историските возила, посетителите ќе имаат прилика да направат тест возење на моделите на Peugeot, како и да се информираат за поволностите кои ги нудиме во пост-продажните активности (особено за возила постери од 5 години). Воедно, изложена ќе биде програмата на масла Тотал, Banner акумулаторите и 4-рите бренда алати кои ги застапуваме. На посетителите ќе им овозможиме да направат и компаративно т.е. споредбено тест возење со тјунирано и нетјунирано возило и одблиску се запознаат што сè опфаќаат нашите услуги за професионално тјунирање на возила. Додека пак, за најмладите подготвуваме специјални изненадувања.“изјави Ивана Манчева, Маркетинг директор во „Еуроимпекс“.

sl4 sl2 sl1

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСе е прашање на вкус, нели? Birkenstocks се и понатаму тотален хит
Следна објаваТри метри над небото – Федерико Моча
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ