Ентериер од 24 метри квадратни

Флексибилен дизајн со генијални решенија за заштеда на простор.

Ви претставуваме совршено испланиран и уреден мини ентериер, кој иако е со површина од само 24 метри квадратни, содржи толку многу елементи што е реткост дури за двојно поголеми простори. Во што е тајната? Генијалниот распоред, флексибилниот дизајн на мебелот, скалите кои се извлекуваат на лизгање и вештото искористување на погодната висина се покажуваат како добитна формула, како и бројните решенија за складирање и заштеда на простор. На тој начин, овој мал и компактен ентериер има дневен престој, кујна и трпезарија, мини канцеларија и бања, плус комфорна спална соба која е извишена на второто ниво. Доминира белата боја, која е секогаш добар избор за простори со скромни димензии, во тандем со топлите дрвени допири и многу сончева светлина. Парчињата мебел се практични и повеќенаменски, откривајќи многу изненадувања и погодности во текот на деноноќието. Погледнете и инспирирајте се од идеите кои ги нуди овој минијатурен, но рационално искористен ентериер.

01

02

03

04

05

06

07

08

09

10

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСтаро Скопје | Гого Ивановски
Следна објаваКабуки – Јапонски театар
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ