Zara Home ја претстави новата колекција за пролет 2014, инспирирана од мотивите поради кои најмногу го обожуваме ова годишно време. Ведрите дезени и пастелните нијанси на розовата и виолетовата боја доминираат во каталогот на познатиот шпански бренд, а производите од новата линија сигурно ќе ги воодушеват сите љубителки на романтичниот стил. Од украсни перници, садови и шолји, па се’ до декоративни чаршафи и прекривки – богатата понуда на детали е вистинска инспирација за освежување на домот во пресрет на новата сезона. Ароматизерите за воздух и миризливите свеќи, пак, се уште еден додаток за лесно внесување на пролетта во животниот амбиент. Уживајте во убавата пролетна мечта од Zara!