Jimmy Choo и Mugler направија право освежување во модната индустрија. Двата модни гиганти соработуваа на ексклузивна капсула колекција за оваа сезона.

Соработката е создадена како инспирација од познатата историја на француската куќа и беспрекорната креација на брендот Jimmy Choo во комбинација со модерната естетика создадена од двата креативни директори.

Нудејќи смели и драматични дизајни, колекцијата ја соединува и комбинира уникатната естетика на двете модни куќи.

Сите дизајни во колекцијата имаат потпетица од 10 см со издлабена архитектонска форма и графичка, квадратна основа. Палетата на бои во колекцијата е црна, бела, неонско жолта, сребрена и златна, а дизајните ја слават женската моќ, со големини кои се движат од 35 до 45.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваУбавина на Oskar 2022: Најдобри изданија
Следна објаваНе ја заборавајте уметноста!- Годишна програма на МСУ
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ