Chanel ни ја откри новата амбасадорка на брендот која ја претстави линијата Coco Neige, зимска облека од француската луксузна модна куќа.
К-pop sвездата Jennie Kim од групата BLACKPINK е заштитно лице на кампањата на Chanel Coco Neige 2021/22, а позираше во студио пред објективот на фотографите Inez van Lamsweerde & Vinoodh Matadina.
На шармантните фотографии, Jennie Kim носи зимска гардероба во палета на розова, црна и слонова коска и ги претставува пуф јакните, комбинезони и луксузна трикотажа која е комбинирана со слоевит накит.
Тренди колекцијата која комбинира елеганција и спортска облека треба да пристигне во избраните бутици на Chanel на 19 октомври.















