Мајкл Корс го слави новиот филм за Џејмс Бонд „No Time to Die“, со луксузни торби за патување, инспириран од познатиот агент и лансираше колекција од своите омилени Bancroft чанти во ограничено издание.
Во најновиот филм 007, Даниел Крег повторно го глуми Џејмс Бонд заедно со талентираните актери како Рами Малек, Леа Сејду, Наоми Харис и Ана де Армас. Борејќи се да го пронајде својот мир, Бонд го прави тоа без грешка. Безвременската колекција на торби ги вклучува торбите Bond Bancroft, Bond Carryall и Bond Duffel. Изработени со користење на најдобрите италијански детали од кожа и памук, колекцијата за Bond е совршена за оние кои уживаат да патуваат со голема софистицираност.
“Џет сет гламур, софистицираност, брзина, енергија – ова се сите зборовите кои ви паѓаат на ум кога размислувате за светот на Џејмс Бонд. Оваа соработка беше навистина совршена унија на мода и филм”, рече креативниот директор на Мајкл Корс за новата колекција. Со надеж дека колекцијата ќе заживее во мислите на обожавателите на 007, брендот објави реклама со Наоми Харис која ја рекламира торбата Bond Bancroft.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваJennie Kim е новата sвезда во кампањата на Chanel – Coco Neige 2021/22
Следна објаваМодна недела во Париз: 20 “streetstyle” изданија кои нема да ги заборавиме!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ