Барате совршен фустан што можете да го носите цела година?
Поздравете го фустанот на преклоп: мини, миди или макси, елегантен и удобен, овој фустан е совршена основа на гардеробата што се носи од ден во ноќ, без разлика дали е есен, зима, пролет или лето.
Во комбинација со чизми, блејзер и ролка, тој е идеален избор за време на студените денови и вечери, а воедно е лесен, проsирен фустан во пролет и лето, во комбинација со патики, сандали, еспадрили и папучи.
Diane Von Furstenberg првично го создаде фустанот на преклоп во 1974 година, а со својот ласкав крој кој им одговара на сите жени, тој брзо стана безвременско и класично парче кое го носат познати личности како Amal Clooney, Madonna, Michelle Obama …