Технолошки најнапредна ревија на сезоната …
Модните недели завршија, но дизајнерите продолжуваат да ги презентираат своите нови колекции надвор од официјалниот распоред, со што привлекуваат поголемо внимание.
Видео форматот, кој ги замени вообичаените офлајн ревии на брендовите, сè повеќе станува неопходна мерка во ерата на пандемијата. Сепак, за многумина од нив е можност да ја претстават својата колекција на креативен и нестандарден начин.
Во седумминутното видео објавено на официјалната веб-страница на брендот, се случуваат навистина волшебни работи: покрај акробатските техники што ги покажа Бела, моделите одат наназад, како во филмот „Аргумент“ и се движат како роботи. Ирина Шајк го запознава својот двојник, додека Хантер Шефер успева да излезе сува од водата.
Што се однесува до самата колекција, таа го величи женското тело и ги нагласува неговите главни предности. Длабоки кроеви, проsирни ткаенини покриени со светки и драперии ги оцртуваат облините на моделите.