Белата боја може да биде класика на сите времиња, но со вистинските комбинации изгледа апсолутно модерно.

Можеби целосно бело звучи како вообичаен избор за лето. Но, белата, како и црната, има моќ секогаш да ги следи трендовите на секоја сезона, така што никогаш не излегува од мода.
Линиите кои ги избирате, додатоците, ткаенините, секогаш ја прават разликата, затоа белите парчиња се одлична инвестиција во вашата гардероба.
Проучувајќи ги трендовите за летото 2021 година, ви предлагаме најмодерен тотален бел изглед што треба да се копира сега:

Бело плисе 

Белите плисе ткаенини со грчка линија се идентификуваат со летото и даваат пософистицирано расположение на секој изглед. Изберете плисиран макси фустан или комплет со плисиран горен дел и миди здолниште.

Невообичаени исечоци

Во вашата гардероба дефинитивно имате бел макси фустан, но моделите кои се истакнуваат ова лето се кроеви со исечоци. Осигурете се дека исечоците се на места кои и ласкаат на вашата силуета, на пример околу половината.

Големи модели

Комбинацијата на бел горен дел и панталони не звучи толку специјално. Но, кога горниот дел има паф ракави, а панталоните се широки, тоа целосно ги менува пропорциите на телото и создава совршена комбинација на облека за летните денови.

Бел фустан и плетена торба

Ако имате бел ленен фустан, комбинирајте го со плетена торба за во град и за  плажа. Плетените чанти се едни од најдобрите летни трендови во кои вреди да се инвестира и оваа година.

Фустан со паф ракави

Белиот фустан со паф ракави е толку впечатлив сам по себе што не му е потребен дополнителен стил. Со едноставни сандали кои се модерни оваа сезона, ќе добиете комбинација на облека идеална за шетање низ градот во текот на денот.

СПОДЕЛИ
Претходна објава19 цитати од Мерилин Монро кои ќе го променат вашето мислење за неа
Следна објаваКраток кардиган: задолжителен за пролет и лето!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ