Избираме кратки кардигани за да го збогатиме романтичниот и урбаниот изглед пред крај на пролетната но и за летната сезона.

Најдобар избор е – трикотажа + непокриен стомак. Иако може да изгледа чудно што овие два елементи ја карактеризираат истата облека, решението за сложувалката се нарекува краток кардиган...

Овој плетен модел е скоро неопходен во пролетната гардероба затоа што совршено се комбинира со тексас фустани и здолништа, лесни фустани, панталони и е идеално парче за создавање женствен, романтичен и урбан изглед.

Инспирација: Потпрете се на нашиот водич за шопинг и разгледајте кратки кардигани од најновите колекции.

НЕМА КОМЕНТАРИ