Ние сакаме нашата летна гардероба да биде модерна, но и практична – овие фустани имаат карактеристика да можат да не придружуваат од утро до вечер, во секоја пригода.
Подготвувајќи ја нашата шопинг листа за летото, ги бараме овие паметни парчиња што можат да се носат на многу различни начини, да не придружат со истата леснотија на плажа, во бар на плажа, на прошетки низ градот, но и по островски улици, во зависност од модните додатоци кои ќе ги избереме.
Летните фустани се транспарентни, изработени од лесни ткаенини и можат да послужат како „наметка“ на плажа или базен, во комбинација со кожни апостолки и плетена чанта.
За прошетки низ градот ги комбинираме со патики или кожни шик сандали, а навечер додаваме пар сандали со високи потпетици. Можете да ја потенцирате и половината со широк плетен ремен, доколку сакате да им дадете уште повеќе женствена линија на овие фустани.
Важно правило за „паметно“ купување – избираме парчиња кои можат да се трансформираат и да се носат од утро до вечер. Бидејќи сакаме нашиот летен стил да биде едноставен, а куферот што е можно полесен, избираме флексибилни фустани кои ќе не придружуваат од утринска плажа до вечер.