Како розовата кошула еволуираше во еден од најголемите и најпопуларните трендови на пролетта 2021 година?

Седмиот по ред изглед кој се појави на ревијата на Valentino за пролет / лето 2021 година, успеа да го привлече вниманието на сите. Видовме преголема розова кошула комбинирана со кожни шорцеви и некако се роди најпопуларното парче облека во сезоната.

Розовата кошула е навидум едноставно парче, кое комбинира минимален стил, но и елемент на изненадување, благодарение на нејзината интензивна боја. Преголемите кошули се дефинитивно еден од најголемите трендови во пролетта 2021 година, а дизајнерите позајмуваат елементи од машката гардероба за нивните креации.

Розовата кошула е исто така уште еден доказ дека се враќаме на класичните парчиња што можеме да ги комбинираме на многу различни начини.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваKapalabhati pranayama – прочистување на умот и телото!
Следна објаваУметност на советување: Зошто ги советуваме другите подобро од нас самите?
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ