Живееме со многу бурно темпо на живот кое ја нарушува стабилноста на нашиот ум и тело, а со цел да ги решиме задачите што овој начин на живот ни ги поставува секој ден, многу е важно да имаме чист ум и тело. Ако се чувствувате безволно, расеано, стресно, тогаш источната вежба, (Kapalabhati pranayama) – Капалабхати пранајама е вистинската терапија за вас.

Капалабахати пранајама го загрева и прочистува здивот, до толкава мера што дури се категоризира како пракса за прочистување. Не само што го чисти вашиот здив, туку води и до јасност во решавањето проблеми, донесување одлуки, управување со емоциите и однесувањето. Капалабхати пранајама е заслужна за стабилизирање на фронталниот лобус што управува со гореспоменатите дејства.

Кои се придобивките од Капалабхати пранајама?

Освен смирување на умот, што доведува до јасност во емоциите и однесувањето, Капалабхати пранајама е заслужна за ослободување од депресија и негативна енергија.

Покрај тоа што позитивно влијае на нашиот ум, оваа вежба на дишење може да биде заслужна  и за енегријата во телото и стимулирање на работата на внатрешните органи на стомакот.

Исто така се вели дека Капалабхати пранајама го стимулира и забрзува варењето на храната, како и циркулацијата, но може да биде и ефикасна и при слабеење. Бидејќи станува збор за вежба за дишење, таа влијае и на прочистување на дишните патишта од ноздрите до белите дробови.

Како се изведува Капалабхати пранајама? .

Седнете во удобна положба која може да биде на подот, но исто така и на столица. Се препорачува турско седење. Опуштете го умот и, следствено, опуштете го вашето тело, особено стомакот. Исправете го ‘рбетот, потоа ставете ги дланките на колената и насочете го вниманието на долниот дел на стомакот. Ако сакате, можете да ги поставите дланките едни на други на тој дел, односно на долниот дел на стомакот. Длабоко вдишете низ носот, а потоа издишете брзо, со помош на контракција на долиот дел на стомакот. Контракцијата можете да ја направите и со притискање на дланките на долниот дел на стомакот. Издишување е проследено со друго вдишување, но запомнете дека фокусот е на издишувањето.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМаици во поло стил: 10 модели кои ќе бидат во центарот на нашето внимание оваа пролет
Следна објаваРозовата кошула е клучно парче на пролетта!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ