Освежете ја вашата пролетна гардероба со живописни новитети …
Гучи воведе сосема нова колекција наречена GG Multicolor. Во центарот на вниманието е иконскиот дизајн со монограм на познатата италијанска куќа, кој доаѓа во разнобојна палета. Како еден вид славење на минатото, сегашноста и иднината на брендот, новата линија се состои од варијации на архивата Гучи.
Многу љубители на модата со остри око прво ќе ги забележат малите торби и мини чанти со рачки кои доаѓаат во розови, сини и зелени нијанси, но и во повеќебојни повторувања.
Покрај тоа, Princetown GG папучите и Тенис патиките исто така добија жива преобразба, додека најлонската јакна со качулка, исто како и волнениот кардиган, доби мешавина од различни тонови.