Од Xиџи Хадид до Оливија Палермо и Хејли Бибер, се чини дека инфлуенсерките не можат да се заситат од co-ords трендот …

Кога зборуваме за трендот „co-ords“, треба да се нагласи дека ова не е новина во модниот свет, станува збор за посебна облека (две или три парчиња на облека обично со исти отпечатоци или идентични нијанси) кои можат да се носат како еден изглед за целосен ефект или во комбинација со други предмети што веќе се присутни во вашата гардероба.

Безвременските, класични комплети постојат со децении, сепак, оваа сезона, се чини дека тие се едни од трендовите кои ви требаат во вашата гардероба. Комплетите во иста боја се удобни, лесни за носење и стилизирање, а ви заштедуваат мака да пронајдете совршен горен дел со долниот- што уште друго навистина можеме да бараме, нели?

Од облека за секојдневни излегувања до посвечени, преку шорцеви или здолништа, постојат комплет за секоја пригода.

За денешниот „стил на денот“, се одлучивме за костум со бермуди, кој е совршен за жешките пролетни и летни денови. Тој е модерен, практичен и удобен.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПролетна Гучи колекција во бои на виножитото!
Следна објаваКако да креирате своја совршена гардероба!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ