Дали сакате да бидете беспрекорно облечени за било која пригода? За ова нема да ви треба помалку или повеќе од ова …

Минатата година сите потклекнавме на ситуацијата која го држеше целиот свет под окупација – внимателно ги одложивме нашите убави комбинации на облека, свечени чевли, омилени парчиња накит и модни додатоци во гардеробите, а се облекувавме во тренерки, удобни дуксери и маици, патики и фризури кои се дефиниција за ноншалантност.

Сепак, сега кога се чини дека состојбата со вирусот корона полека се враќа под контрола, а и рестораните наскоро ќе се отворат, како и забавите со мал број луѓе, време е да започнеме да размислуваме за сите комбинации на облека кои ќе ни бидат потребни за време на претстојната топла сезона, но и апсолутно за секоја годишна сезона.

Овој пат, ви ги откриваме парчињата кои апсолутно секоја жена треба да ги има во својот гардеробер, а кои и овозможуваат брзо да дизајнира комбинација на облека за  долгоочекуваната средба, деловен ручек или романтична вечера. Гардеробата ги содржи, по дефиниција, главните парчиња облека кои се безвременски, универзални и совршени за комбинирање со трендовите на одреден период, или сами меѓу себе.

Откријте во галеријата за кои модели станува збор …

Мајца со линии

Бела маица

Тегет блејзер

Темни фармерки од класични ногавици

Бела кошула

Класичен тренч мантил

Црни кроп пантолони

Сатенски слип

Тексас јакна

Здолниште со тесен крој

Бели пантолони

Мал црн фустан

Елегантен фустан за посебни прилики

Миди здолниште во А крој

Обичен џемпер во неутрална боја

СПОДЕЛИ
Претходна објаваCo-ords: тренд одобрен од инфлуенсерките!
Следна објаваОсвежете го вашиот пролетен изглед со зелена торба!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ