Патики, мокасини, балетанки – еве ги рамните чевли кои одговараат на нашите омилени здолништа оваа пролет и лето …

До неодамна веројатно ќе го чекавме доаѓањето на летото за да ги носиме омилените здолништа со прекрасни сандали и тенки ременчиња, но со оглед на ситуацијата, носењето на нашите омилени здолништа со рамни чевли се чини дека е најразумен избор..

Без разлика дали се кратки, миди или макси, здолништата совршено одат со рамни чевли, а вие, само треба да си поиграте со креативноста, да експериментирате со нови комбинации за да можете да изградите свој нов изглед и стил.

Доколку ви треба инспирација, ви подготвивме 5 одлични комбинации!

Имате ли сатенско здолниште во вашата гардероба кое едвај чекавте да го покажете за некој настан? Не очајувајте, во секој случај, можете да го носите преку ден, со убав пар патики.

Комбинацијата „плисирано здолниште + папучи“ е совршена за секојдневни излегувања, додека цветните здолништа, кои навистина мора да ги имате во овој период од годината и кои никогаш не изостануваат во пролетната гардероба, не изгледаат лошо ниту со обичен пар мокасини.

 

Кога станува збор за мини здолништа, пробајте со еспадрили или чевли со отворена пета. 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваFrench Blue: дали сте подготвени да се вљубите во новата Pantone сина?
Следна објаваПролетна Гучи колекција во бои на виножитото!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ