Трендот на преголеми крагни продолжува да го краде вниманието и изгледа дека ќе остане на сила и во текот на целата пролетна сезона. Sвездите на уличниот стил се среќни да покажат стајлинзи со големи крагни во главната улога, а пролетните колекции на познати брендови се полни со фустани, кошули и блузи со преголеми крагни.
Без разлика дали ќе изберете кошула со голема крагна и ќе ја носите во комбинација со фустан или здолниште, или пак ќе одлучите да ја ставите крагна над јакна и џемпер, овој романтичен и шик детаљ е сам по себе statement моден додаток.
За денешниот изглед, решивме да комбинираме бела кошула со крагна и фармерки со широки ногавици. Додадовме бои сини влечки и сина чанта. Очилата за сонце во форма на квадрат, додадоа луксузен допир на изгледот.