Веќе пишувавме за овогодинешниот тренд на носење големи торби…

Тие долг период не беа така популарни како малите и микро чанти. Come back во модниот свет …

Бидејќи рестораните и ноќните клубови цела година се скоро затворени, а празнични настани не се одржуваат, не е ни чудо што малите чанти веќе не се толку популарни. Малите чанти сепак ќе се носат на вечери и ноќни излегувања кога кафулињата, рестораните и ноќните клубови ќе ги отворат целосно вратите.

Големите чанти ќе бидат апсолутни владетели на дневниот и уличниот стил. Освен што се убави, нивната голема предност е практичностa. Сè што ни треба во текот на денот се вклопува во големи чанти, а единствениот недостаток е тоа што меѓу сите работи кои се наоѓаат во големата торба, тешко е да се најде токму она што ни треба.

Во галеријата ги избравме најубавите големи чанти за вас по повисоки и пониски цени, а забележавме и дека најлонските чанти се апсолутен хит.

Oвие чанти можете да ги најдете во Скопје Сити Мол: Mango, Zara, Stradivarius …

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТрендот на преголеми крагни продолжува и оваа пролет!
Следна објаваМариони – столни ламби со златен печат!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ