Во Копенхаген заврши Модната недела, која оваа сезона се одржа во онлајн формат, преку Интернет. Фотографите на уличниот стил, посветуваат големо внимание не само на гостите на модните ревии, туку и на локалното население.

Кои 5 трендови ја одбележаа модната недела во Копенхаген?

Јакна + патики

Комбинација на деловен и спортски стил кој стана популарен за време на ланскиот пролетен карантин, го продолжува својот триумфален поход. Меѓу најпопуларните парови се класичната јакна и патики, со кои можете да се чувствувате пријатно и во текот на работниот ден и на прошетка.

Фустани од трикотажа

Удобен и истовремено спектакуларен плетен фустан стана омилено парче кај девојките од целиот свет. Од една страна, не го попречува движењето и лесно е да се шета во него по цел ден, но од друга страна, поволно ги нагласува облините на фигурата и лесно се комбинира со нешто симпатично, како што е зелената торба.

Лесен тренч мантил

Нешто, за чија функционалност не треба да се дискутира. Но, ако неговата класична верзија е веќе во плакарот, тогаш во пресрет на пролетта, можете да изберете модел со весела лимон нијанса. Токму овој модел често се гледа на улиците на Копенхаген, град кој знае многу за недостатокот од сонце.

Синџири 

Синџирите не ја губат популарноста, тие триумфално се вратија пред неколку сезони благодарение на Даниел Ли од Ботега Венета. Најлесен начин да ги додадете во вашиот изглед е со додатоци. Покрај тоа, данските девојки не се ограничени на само еден акцент, туку смело комбинираат неколку синџири со различна големина заедно.

Кожа во боја

Обоената кожа е уште еден тренд од минатата година, кој не го губи своето значење во 2021 година. На пример, обоени кожни панталони можат да станат дел од светлиот слоевит стил, а над таа основа можете да изградите лаконски кежуал изглед.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНов Зеланд не сака инфлуенсери на своето острово!
Следна објаваМодерен апартман во Москва со француска привлечност!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ