Oвој модерен стан во Москва се состои од живописни бои и добро избалансирани контрасти …

Инспириран од францускиот минималистички стил, дизајнот на ентериерот има сјајна палета на бои и смел избор на модели, кои ги нагласуваат модерните линии на осветлувањето и дизајнот на мебелот во секоја соба.

Распоредот на станот е многу едноставен – тоа е трособна единица со две спални соби и дневна соба во комбинација со кујна.

‘Желбата на сопственикот беше ентериер со модерен и угледен стил. Преку жива шема на бои, овој импресивен проект за внатрешен дизајн  совршено се вклопи во современиот стил.

 

 

Дневната соба е центарот на овој проект. Палетата на бои е полна со светли акценти на жолта и сина, златна и зелена боја кои се нагласени поради белата позадина на sидовите и таванот. Во центарот на оваа соба, има впечатлива тркалезна маса со отворена метална основа, со темно стакло потпрено врз основа на сјаен нерѓосувачки челик, што е дело на брендот Бока до Лобо.

Просторот исто така располага со живописна жолта фотелја и килим со дезен што го имитира изгледот на каменот.

 

Кујната е понеутрална во бои со прави линии, светли и темни неутрални тонови и дрвени акценти. Таа претставува нешто како тишина помеѓу бура од бои на другите соби.

Веселите жолти столици и сини завеси се одлични акценти на оваа кујна, кои рефлектираат како еколошките мотиви и луксузните допири можат совршено да се вклопат.

Овој светол и радосен дизајн на ентериер покажува како изненадувачката шема на бои, стилските делови на мебел и импресивните уметнички дела можат да се спојат и да ги оживеат овој прекрасен дом.

 

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСтилски трендови за време на модната недела во Копенхаген
Следна објаваТренд на Инстаграм: “cartoon” цветен принт!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ