Да се застрани или не: ненормативен пристап кон кураторството

Онлајн предавање на д-р Горан Павлиќ  (Академија за драмски уметности, при Универзитетот во Загреб) организирано во рамки на програмата на Меѓународна летна школа „Курирање во контекст”, од здружението на граѓани Локомотива – Центар заар за нови инцијативи во уметноста и културата од Скопје и фестивалот „Викенд на гордоста/Skopje Pride Weekend”, како дел од програмите на Меѓународна летна школа „Курирање во контекст” и овогодинешниот „Skopje Pride Weekend | Суров оптимизам”.

Во своето предавање Горан Павлиќ ќе се обиде да наведе некои проблеми со кои се соочуваме кога ќе се обидеме да курирарме во „граничните” полиња, т.е. во оние сфери кои пркосат на прецизните академски категории. Поточно, на што мислиме кога велиме „квир“? Дали тоа означува само сексуален или родов идентитет или може да се сфати како алатка за политичка борба? Дали оваа алтернатива е воопшто одржлива, или само погрешно ги претставува секогаш флуидните категории на делување на субјектот и структурните ограничувања. Позајмувајќи дел од теоретските алатки од квир-марксистичката политичка теорија, во предавањето Павлиќ ќе предложи материјалистички пристап кон проблемот на курирање на „маргиналните“ културни практики. Поконкретно, ќе се истражува на кој начин нашиот академски апарат со своите утврдени категории ги инхибира нашите обиди да се пристапи кон комплексноста на квир искуствата. Конечно, Павлиќ ќе предложи алтернативни епистемолошки ставови кога се работи со заедници, кои отстапуваат од нормативните општествени стандарди.

Горан Павлиќ е доцент на Академијата за драмски уметности (Загреб). Неговите истражувачки интереси вклучуваат политичка теорија, теорија на изведба, политичка економија на уметноста. Во 2019 година, тој објави книга за политичката економија на Крлежа „Глембајеви: двојно читање”. Тој е ко-уредник на два тома (со С. Петлевски) на „Театар Мунди. Интердисциплинарни перспективи” (2015) и „Простори на идентитет во сферата на изведба” (2011).

 

Предавањето ќе биде на англиски јазик, кое ќе може да го проследите преку стриминг во живо на линк објавен на Фејсбук страната на Меѓународна летна школа „Курирање во контекст

 

Здружението на граѓани Локомотива Скопје, програмски ја уредува и организира Меѓународната летна школа „Курирање во контекст”, која се реализира во периодот од 25 август до 15 септември, 2020 година. Школата има за цел критички да рефлектира на различните социо-политички и економски контексти, и да развива кураторски методи кои ќе ги преиспитаат практиките на современите (изведувачки) уметности во однос на активизмот, социјалните движења и самоорганизација.  Школата е од затворен карактер, за пријавените и селектирани учесници од домашен и меѓународен контекст, со две отворени за јавноста. Првата од ние е предавањето на Горан Павлиќ.

 

Викендот на гордоста Скопје е фестивал за квир култура, уметност и теорија чијашто цел е да создаде простор за презентирање и промовирање на ненормативните форми на светообразување или, со други зборови, на односите, афектите, идентитетските позиции, телесните стилови и сензибилитети обележани од хетеронормативниот, националистички и неолиберален капиталистички контекст, како квир, ексцентрични и неуспешни. Основната кураторска тема на овогодишното издание на Фестивалот е Суров оптимизам, со што му оддаваме почит на делото на Лорен Берлан за суров оптимизам (2011), и сакаме да ги истражиме и проблематизираме современите општествени, културни и политички состојби преку овој концепт како критичка алатка.

 

Повеќе информации за Меѓународна летна школа „Курирање во контекст” поврзани со програмата, форматот, тематските рамки и предавачите може да > Соопштение до медиуми <

ПРЕДАВАЊЕ на Горан Павлиќ (Хрватска) на тема: „Да се застрани или не: ненормативен пристап кон кураторството”

 

Почитувани претставници на медиумите и соработници,

 

Овој петок, 4 септември 2020, во 13 часот ќе се одржи онлајн предавање на  Горан Павлиќ (Хрватска) на тема: „Да се застрани или не: ненормативен пристап кон кураторството”

 

Предавањето се реализира во партнерство помеѓу здружението на граѓани Локомотива – Центнајдете на следниов линк

Меѓународната летна школа е дел од истоимениот проект „Курирање во контекст”, кој се реализира во партнерство помеѓу Локомотива Скопје, Танцфабрик од Берлин, Универзитетот за уметности во Стокхолм и Универзитетот во Загреб (Факултетот за драмски уметности). Проектот е поддржан од „Еразмус +” програмата за образование, тренинг, млади и спорт на Европска Унија. Меѓународна летна школа „Курирање во контекст” оваа година е поддржана и од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

 

Коалиција МАРГИНИ Скопје и ЛГБТИ Центар за поддршка го организираат 8-миот по ред „Викендот на гордоста” оваа година на тема „Суров оптимизам”. Повеќе за програмата може да најдете на следниов линк.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКупатила во црни тонови: ултимативен водич за декорација!
Следна објаваИзложба на Весна Стефановска во МСУ
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ