Гушкачите се враќаат! На стара локација во градот, со нова доза љубов и радост. По повод Светскиот ден на гушкањето, ги обединивме одново нашите срца и дланки, чекајќи ве со топли прегратки.
Со широко раширени раце, ве покануваме на уште една весела дружба, оваа сабота (20.01) од 12.30 часот меѓу Плоштадот и ГТЦ. Со нас се и моторџиите Тони и Силвана ( Гушни го светот – Embrace The World), кои по гушките во метрополата, несебично ќе ги даруваат и на сите луѓе на планетата. Ќе поминат 100.000 километри и повеќе од 45 земји, возејќи во правецот на прегратките.
Ајде да се гушнеме!
Младинската организација „Млади за љубов“, во рамките на своите активности веќе 10та година успешно ја спроведува кампањата „Гратис Гушкање“ со работен концепт базиран на тимска работа која тргнува од мотото „повеќе љубов за луѓето”. Социјалната кампања има за цел да ја покрене свеста за љубов, филантопија и потребата да се сподели со другите.
Гушни го светот – Embrace The World е коспомолитска идеја на брачниот пар Тони и Сивана кои по обиколката на цела Македонија и прегратките во сите градови ќе го заобиколуваат светот минувајки низ повеќе од 45 држави со моторцикл. На својот пат тие ќе делат “бесплатни” гушки на луѓето од сите етнички припадности, вероисповеди и други определби. Тони и Силвана на гушнатите ќе им ја покажат малата Македонија на картата на светот и ќе им го покажат големото срце на земјата и нејзините жители.