На креативниот сајт Kickstarter, корисникот Danny Fein прикачува предлог-проект за кој не претпоставува дека ќе доживее огромна популарност и дека извесен период ќе се надоградува и надополнува. Имено, станува збор за тоа што истиот подразбира можност на сите корисници на сајтот да можат да изберат цитат од нивните омилени книги и да го направат во облик на привремена тетоважа.

Проектот носи наслов ‘Litographs’, со цитати преземени од 15 класични наслови од калибарот на  The Adventures of Sherlock Holmes, Ulysses и Les Misérables.  Кои се останатите наслови кои добија свое место во овој проект, погледнете на фотографиите во прилог. Доколку не избравте омилена, Ве упатуваме на гореспоменатиот сајт за да станете дел од проектот!

1

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСтил во пар, стил на квадрат
Следна објава„Уништени“ слики | Cesar Biojo
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ