1

Сензуалниот спој на розовата и сината боја ги разигрува покласичните парчиња мебел, и во тандем со кокетните винтиџ декорации прекрасно се вклопува во спалната соба. Розовата е трендовска боја за престојната пролет, додека сината е секогаш добар избор за давање релаксирана нота на катчето за одмор. Во овој случај, нијансата на розата и аква сините тонови суптилно внесуваат боја и ведрина во собата, умешно искомбинирани преку изборот на детали, текстилот, па дури и начинот на кој се аранжирани цветните декорации. Контрастот помеѓу класичната линија на мебелот и винтиџ амбиентот ја буди игривоста, дополнително зачинувајќи ја просторијата со оптимизам и убаво расположение. Блескава, свежа и пролетна – доколку сте во потрага по убава инспирација за сезонско преуредување на вашата спална соба, можеби токму тука ќе ја пронајдете омилената идеја. Инспирирајте се!

2

3

4

5

6

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНовиот дом на Леонардо ди Каприо
Следна објаваШминка за сонувачи
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР